Кеплер-80 или KOI-500 — црвено џуџе од спектрален тип M0V. Оваа ѕвездена класификација ја сместува Кеплер-80 меѓу честите, ладни, ѕвезди од класата М кои сè уште се во главната развојна фаза, позната како главна низа. Кеплер-80, како и останатите црвени ѕвезди, е помала од Сонцето, и има полупречник, маса, температура и сјајност помали од сончевата. Кеплер-80 се наоѓа приближно на растојание од 1.218 светлосни години од Сончевиот Систем, во соѕвездието Лебед.

Системот Кеплер-80 има 6 познати вонсончеви планети. Откривањето на петте внатрешни планети беше објавено во октомври 2012 година, со што Кеплер-80 беше првата ѕвезда со пет планети во нејзината орбита. Во 2017 година, забележана е дополнителна планета, Кеплер-80g, со употреба на вештачка интелегенција и Длабинско учење за анализа на податоците добиени од вселенското летало Кеплер. Методот со кој е забележана планетата Кеплер-80g бил развиен од Гугл, аи во текот на истото истражување била најдена уште една планета, Кеплер-90i, што го доведе вкупниот број на забележани планети в системот Кеплер-90 на 8 планети.

Планетарен систем

Вонсончевите планети околу Кеплер-80 биле забележани со помош на вселенското летало Кеплер. Овој телескоп го користи т.н. метод на премин, каде планетите се движат помеѓу ѕвездата и Земјата и со тоа ја затемнуваат сјајноста на ѕвездата гледано од Земјата. Со употреба на фотометрија преминот на планета пред ѕвездата може да се види како пад на светлинската крива на ѕвездта. По откривањето на петте највнатрешни планети, истите се потврдени со употреба на дополнителни методи. Кеплер-80b и Кеплер-80c биле потврдени во 2013 врз основа на методот на временски променливи премини. Кеплер-80d и Кеплер-80e биле потврдени во 2014 година врз основа на статистичките анализи на податоците добиени од Кеплер. Конечно највнатрешната планета, Кеплер-80f била потврдена во 2016 година.

Сите шест познати планети во системот Кеплер-80 се во орбита блиска до Земјата, и нивните растојанија до ѕвездата (големи полуоски) се помали од 0,2 ае. За споредба најблиската планета до нашето Сонце, Меркур, има големаполуоска од 0,389 ае, па така целокупниот систем Кеплер-80 се наоѓа во орбитата на Меркур. Ова го прави системот Кеплер-80, многу збиен систем и е еден од многуте такви системи откриени од страна на Кеплер.

Орбитална резонанција Кеплер-80 d, e, b, c и g имаат орбити во резонанција. Нивните периоди се во однос ~ 1.000 : 1.512 : 2.296 : 3.100 : 4.767, ззаедно во појдовен систем кој се врти однсосот се сведува на 4:6:9:12:18.Резонанциите на d и e, e и b, b и c, и c и g се случуваат на релативни интервали од 2:3:6:6 шаблон што се повторува на секои 191 ден. Либрациите на можните резонанции на три тела имаат замави од околу 3 степени, и моделирањето укажува на тоа дека резонантниот систем е стабилен на растројувања. Не постојат тројни резонанси.

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Планетарни системи со пет потврдени планети Категорија:Црвени џуџиња Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:Планетарни системи со шест потврдени планети