Основно училиште „Мождивњак II“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Илинден“ - Мождивњак II; скратено: ПООУ „Илинден“) — подрачно основно училиште во селото Мождивњак, составен дел на истоименото училиште од градот Крива Паланка.

Училиштето е именувано по востанието Илинден.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Мождивњак.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Објект

Училиштето било целосно реконструирано во текот на 2016 година, кога била извршена целосна замена на подовите, била променета столаријата и била направена нова наставничка канцеларија. Воедно, била извршена и целосна обнова на фасадата на училиштето.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Крива Паланка Мождивњак Категорија:Мождивњак