Кеплер-223 (KOI-730, KIC #10227020) — ѕвезда од спектрален тип G5V со вонсончев планетарен систем забележан од вселенското летало Кеплер. Изучувањата покажале дека системот Кеплер-223 се состои од 4 планети во орбита околу ѕвездата.

Планетарен систем

Потврдениот планетарен систем бил првично забележан од мисијата Кеплер, и содржи 4 планети. За овој систем првично се веруваше дека содржат две соорбитални планети во орбита околу ѕвездата на приближно истото орбитално растојание на секои 9,8 денови, на начин што планетите се засекогаш на положба 60° зад другата во една од двете тројански Лагранжови точки. За двете соорбитални планети се верува дека се поврзани во орбитална резонанција со останатите две планети, со што се добива севкупна резонанција 6:4:4:3. Ова ќе биде првиот пример на соорбитални планети.

Сепак дополнителните изучувања на системот покажале постои и друга поставеност, при што четирите планети имаат орбитални периоди во однос 8:6:4:3, и овој вид на однос е поверојатен. Оваа поставеност не содржи соорбитални планети, што е потврдено и од понатамошните испитувања. Податоците ја потврдуваат првата орбиталната резонанција за четирите тела.

Полупречниците се 3,0, 3,4, 5,2, и 4,6 Земјини полупречници, и соодветни орбитални периоди од 7,3845, 9,8456, 14,7887 и 19,7257 денови.

Наводи

Надворешни врски "Planetary System KOI-730 Exhibiting a Pair of Co-Orbital Planets" (this site requires a browser with support for WebGL) 2MASS Catalog Retrieval

Категорија:Планетарни системи Категорија:Жолти џуџиња Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:2MASS-објекти Категорија:Жолти подџинови Категорија:Планетарни системи со четири потврдени планети