Школата за инженерство при Брауновиот универзитет е академска единица на универзитетот, кој е сместен во Провиденс, Род Ајленд, САД. Таа нуди додипломски и постдипломски програми во областа на инженерството и сродните науки. Иако додипломците службено имаат време до крајот на втората година од студиите да пријават програма на студирање, тие кои планираат да студираат некој од инженерските насокии типично почнуваат со земање предмети во тој правец уште во нивниот прв семестар.

Историјат Брауновиот унивезитет ја има најстарата програма за инженерство во Бршленовата лига и го понудил првиот предмет специфично по инженерски науки во 1847 год. Овој предмет бил дел од стручен инженерска насока, „Англиски јазик и наука.“ Оваа насока траел една до две години на студирање и вклучувал предмети по механика, геометрија, мапирање, навигација, мерења на висини и растојанија, хемија и тригонометрија. Во 1850 година, наставната програма за градежно инженерство била воведена како интензивна насока со времетраење од една и пол година.

Кон крајот на 19 век, наставните лаборатории за инженерските насокии биле сместени во Универзитетската палата, салата „Сејелс“ и палатата „Вилсон.“ Инженерскиот оддел е потоа преселен на нова локација над топланата во задниот дел на Хемиската лабораторија (преименувана во палата „Роџерс“ во 1900 год. и потоа во Центар за настава „Саломон“ во 1989 год.) Во 1903 година, инженерскиот отсек добива своја зграда покрај паркот „Линколн.“

Постојната програма е основана во 1916 година преку интеграција на одделите за градежно, машинско и електроинженерство. Академската единица има статус на дивизија при универзитетот до 2010 година, кога ректоратот ѝ го покачува статусот на ниво на школа. Во тоа време, Школата за инженерство е единствената академска единица со додипломски студии која има таков статус. Во 2011 година, деканот Лоренс Ларсон беше избран за прв декан на Школата.

Директори и декани за инженерство

Вилијам Херберт Кенерсон, прв директор, Дивизија за инженерство, 1916–1941 Лејтон Титерик Бол, втор директор, Дивизија за инженерство, 1941–1947 Џон Хенри Марчант, трет директор, Дивизија за инженерство, 1947–1953 Даниел Чарлс Друкер, четврти директор, Дивизија за инженерство, 1953–1959 Пол Саутворт Симондс, петти директор, Дивизија за инженерство, 1959–1962 Пол Фриц Медер, шести директор, Дивизија за инженерство, 1962–1968 Џозеф Џон Лоферски, седми директор, Дивизија за инженерство, 1968–1974 Родни Џејмс Клифтон, осми директор, Дивизија за инженерство, 1974–1979 Л. Бен Френд, деветти директор, Дивизија за инженерство, 1979–1983 Ричард Ендру Добинс, десетти директор, Дивизија за инженерство, 1983–1988 Алан Ниделмен, прв декан, Дивизија за инженерство, 1988–1991 Харви Фокс Силвермен, втор декан, Дивизија за инженерство, 1991–1997 Родни Џејмс Клифтон, трет декан, Дивизија за инженерство, 1998–2003 Клајд Л. Брајант, четврти декан, Дивизија за инженерство, 2003–2006 Грегори Филип Крафорд, петти декан, Дивизија за инженерство, 2006–2008 Родни Џејмс Клифтон, в.д. и основачки декан, Дивизија за инженерство/Школа за инженерство, 2008–2011 Лоренс Е. Ларсон, прв декан „Фамилија Соренсен“, Школа за инженерство, 2011–2022 Теџал А. Десаи, втор декан „Фамилија Соренсен“, Школа за инженерство, 2022-

Наводи

Категорија:Универзитети во САД Категорија:Браунов универзитет