Марго Хертруј Херитсен (холандски: Margot Geertrui Gerritsen, р. во Клотинге, Зеланд, Холандија) е холандско-американски научник. Таа е професор по инженерство на енергетски ресурси и постар продекан за образовни иницијативи при Школата на науки за Земјата, енергетика и животна средина при Стенфордовиот универзитет.
Живот и кариера Марго Херитсен е родена во Холандија, каде и ги поминува раните години од својот живот. По магистрирањето во областа на применетата математика при Универзитетот за технологија во Делфт во 1990 година, таа ја напушта својата родна земја и работи низ северна Европа, Колорадо и Џорџија. Во 1997 година, докторира на Стенфордовиот универзитет во областа на бројчена математика и научни бројчени методи. Нејзин ментор за време на докторатот е професорот Џозеф Олиџер. По докторирањето, Херитсен кратко време е дел од наставно-истражувачкиот кадар при Оклендскиот универзитет во Нов Зеланд. Во 2001 година се враќа како професор на универзитетот „Стенфорд.“
Херитсен моментално живее во Скотс Вали, Калифорнија со својот партнер и син.
Нејзиното истражување е поврзано со компјутерската динамика на флуиди и бројчени симулации за производство на енергија од обновливи извори или фосилни горива. Професор Херитсен исто има работено на проблематики од областа на океанска динамика и дизајн на едреници.
Признанија Марго Херитсен е добитник на бројни награди и признанија за нејзината наставна и научно-истражувачка дејност. Меѓу најбитните се вбројуваат:
Награда „Ричард В. Лајман“ на Стенфордовата алумни асоцијација (2014) Избрана за член на Друштвото за индустриска и применета математика (2018) Почесен докторат од Упсалскиот универзитет, Упсала, Шведска (2019)
Библиографија
Категорија:Американски научници Категорија:Холандски научници Категорија:Американци со холандско потекло Категорија:Професори на Стенфордовиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Стенфордскиот универзитет