BD+43 3654 — масивен сјаен син суперџин, ѕвезда „бегалка“ во соѕвездието Лебед.
Белези BD+43 3654 е од спектрален тип O4If со маса околу 65 пати поголема од сончевата, и најверојатно 850.000 пати посјајна, и многу млада, возраст која се проценува на 2 милиони години. Нејзиното растојание до Сончевиот Систем се проценува на околу 1,45 килопарсеци (4.700 светлосни години) и се движи со голема брзина низ меѓуѕвездената средина, создавајќи лачен ударен бран.
Потекло Изучувањата на движењето и брзината на BD+43 3654 релативно во однос на другите ѕвезди во блискот, масивно ѕвездено здружение Лебед OB2 наведува н апомислата дека станува збор за ѕвезда „бегалка“, што ја прави да биде најмасивната „бегалка“ во Млечниот Пат (заедно со суперџиновите од спектрален тип O Ламбда Кефеј и Зета Крма). Првично се тврдело дека експлозија на супернова во поранешниот двоен систем предизвикала BD+43 3654 да има голема брзина.
Подоцнежните истражувања покажуваат дека експлозијата на супернова не би создала услови за постоење на толку голема брзина. Земајќи предвид дека BD+43 3654 е помлада од останатите ѕвезди во Лебед OB2, понудено е друго сценарио во кое BD+43 3654 е масивен син скитник создаден меѓу средбата на два поранешни системи од двојни ѕвезди во јадрото на Лебед OB2. Во ова сценарио, по една од ѕвездите од секој од ситемите ќе експлодира како супернова што пак како остатоци по експлозиите ќе имаме пулсари. B2020+28 и B2021+51 се препознаени како овие пулсари, бидејќи нивната динамика укажува дека тие се исфрлени од Лебед OB2. Последица на подоцнежното сценарио е тоа што најсјајните и најмасивните ѕвезди во Лебед OB2 ќе бидат ѕвезди скитиници.
Друга теорија е дека ѕвездите со големи брзини можно е да ја добиле таа брзина при средба на масивна единечна ѕвезда со близок двоен систем. Ваквата средба се очекува да го насочи цвижењето на системот во спротивна насока од ѕвездата, но досега не е забележана толку масивна двојна ѕвезда која ќе соодвествува на сценариото за BD+43 3654.
Наводи
Категорија:Сини суперџинови Категорија:Ѕвезди со оддавни линии Категорија:Сини заостанувачи Категорија:Ѕвезди-бегалки Категорија:Лебед (соѕвездие) BD 43 3654 Категорија:2MASS-објекти