Нова Пела (, Неја Пела) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.275 жители (2021).

Географија Селото е сместено во западниот крај на Солунското Поле, 8 км југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар), крај самиот пат за Солун и во непосредна близина на гратчето Постол. Лежи во плодно поле и има атар од .

Историја Селото е основано во 1924 г. од грчката држава, каде се сместени доведени грчки семејства од Источна Тракија. Наречено „Нова Пела“ поради релативната близина до старата македонска престолнина Пела, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. Нова Пела е претставена како наполно дојденско село со 213 семејства и вкупно 880 жители (Симовски наведува 740). Во 1940 г. населението се зголемило на 1.248 жители, благодарение на пресушувањето на Ениџевардарското Блато кое овозможило сместување на уште грчки дојденци. Пописот од 1951 г. бележи дека селото броело 1.249 лица. Во следните периоди населението продолжило да расте, со 1.438 жители во 1961 г., 1.522 во 1971 и 1.585 во 1981, за да достигне 1.631 жител во 1991 г. Во следните десетлетија, населението Нова Пела бележи извесен пад, со 1.606 жители во 2001 и 1.510 во 2011 г.

Население

Стопанство Селото важи за многу богато бидејќи располага со мошне плодното земјиште, од кое добар дел се наводнува. Се произведуваат големи количини овошје (претежно праски), памук, пченица, леќа и други култури. Развиено е и краварството.

Наводи

Категорија:Постол