ЖРК Алушовски е македонски женски ракометен клуб од Скопје, Македонија. Моментално се натпреварува во ракометната Супер лига, највисокото женско лигашко натпреварување во Македонија.

Клубот бил основан и е под сопствеништво на поранешниот ракометар и Стевче Алушовски.

Историја Клубот претставува продолжение на ракометната академија Алушовски која била основана во 2014 година, во која членовите на школата можат да се натпреваруваат на сениорско ниво. Во сезоната 2019-2020, клубот се пријавил за учество во женската Супер лига, што била нивната прва професионална сезона.

Наводи

Надворешни врски Официјална вебстрана

Алушовски