Коронавируси () — група вируси што предизвикуваат болести кај цицачите и птиците. Кај луѓето, вирусите предизвикуваат дишни инфекции што типично се лесни, вклучувајќи обична настинка, но поретко и SARS, MERS и COVID19 (чиј SARS-CoV-2 вирус предизвикал глобална пандемија) коишто може да бидат смртоносни. Кај крави и свињи може да предизвикаат пролив, додека кај живината може да предизвикаат горнодишна болест. Не постојат вакцини или антивирусни лекови кои се одобрени за превенција или третман.

Коронавирусите се вируси од потсемејството Orthocoronavirinae, семејство Coronaviridae и род Nidovirales. Тие се создадени во еден синџир, со позитивно насочен РНК-геном и спирално симетричен нуклеокапсид. Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази — најголема кај некој РНК-вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години.

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

Еволуција Најблизок древен заеднички претходник (НДЗП) на сите коронавируси се наоѓа 8000 години п.н.е. НДЗП линијата Алфакоронавирус се наоѓа 2400 п.н.е, Бетакоронавирусната линија на 3300 п.н.е, Гамакоронавирусната линија на 2800 п.н.е, и Делтакоронавирусната линија на околу 3000 п.н.е. Коронавирусот од лилјаците и SARS-CoV се разминале во 1986 година.

Човечки коронавируси

Познати се повеќе човечки коронавируси:

Човечки коронавирус 229E (HCoV-229E) Човечки коронавирус OC43 (HCoV-OC43) SARS-CoV Човечки коронавирус NL63 (HCoV-NL63, коронавирус Њу Хејвен) Човечки коронавирус HKU1 MERS-CoV SARS-CoV-2

Коронавирусите HCoV-229E, NL63, OC43 i HKU1 константно циркулираат меѓу човечката популација и предизвикуваат дишни инфекции кај возрасните и децата ширум светот.

Епидемии Досега имало избивање на неколку епидемии од коронавирусот кој имале релативно висока стапка на смртност: ЕпидемијаТип на вирусСмртЕпидемија на SARS во 2003SARS-CoV774Епидемија на MERS на Блискиот Исток во 2012MERSпреку 400Епидемија на MERS во Јужна Кореја во 2015MERS36Епидемија на MERS во 2018MERS41Pandemic Epidemic Diseases news: Infectious disease outbreaks reported in the Eastern Mediterranean region in 2018 Between 12 January through 31 May 2018, the National IHR Focal Point of The Kingdom of Saudi Arabia reported 75 laboratory confirmed cases of Middle East respiratory syndrome coronavirus (MERS_CoV), including twenty-three (23) deaths. Date www.emro.who.int, accessed 29 January 2020Епидемија на COVID19 во 2019-2021SARS-CoV-2над 1,50 милиони смртни случаи.

Избивање на епидемија од новиот коронавирус мини|thumb|Симптоми на новиот коронавирус|alt=|300x300п Избивање на епидемијата од новиот коронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина. Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2. Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле утврдени и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година. Најголема епидемија од вирусот во Европа, се појавила во Италија каде до денес биле заразени повеќе од 9000 луѓе, а починале 463.

Статии и книги поврзани со коронавирус

Наводи

Надворешни врски

Новиот Коронавирус (2019-nCoV) на мрежното место на Светската здравствена организација Што е новиот коронавирус и кои се симптомите? – mkd.mk MERS

__ИНДЕКС__

Категорија:Вируси

Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ