{ "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "LineString", "coordinates": [ [ 23.73458862304688, 41.65649719441145 ], [ 23.675537109375004, 41.75748330488168 ], [ 23.664550781250004, 41.794864268833145 ], [ 23.604812622070316, 41.82199022070215 ] ]
] } Момина Клисура () — клисура на реката Места во Пиринска Македонија. Се протега низ општините Банско и Неврокоп (Гоце Делчев).
Се наоѓа меѓу Северен Пирин на запад и Доспат Планина (или Дабраш; наjзападниот дел на Западните Родопи) на исток. Го поврзува најјугоисточниот дел на Разлошката Котлина на север со најсеверниот дел на Неврокопската Котлина на југ.
Клисурата е долга околу 27 км, со средна надморска височина од 642 м. Има тесен облик со стрмни страни, всечени во карпест праг од метаморфни карпи, ранотерциерни седименти и вулканит. Минувајќи низ неа, Места ја прима десната притока Ретиже.
Започнува источно од гратчето Добриништа (Добриниште), кај устието на Безбошка Река, на 693 м.н.в. и се насочува кон југ-југоисток. Во подрачјето на селото Места е средината на клисурата, каде надморската височина е околу 642 м. Завршува југоисточно од селото Цирополе (Господинци) во Неврокопската Котлина на 544 м.н.в.
По должината на Момината Клисура се среќаваат селата Филипово, Места и Цирополе, како и остатоците од доцноантичката и средновековна тврдина Момина кула кај с. Кремен и на друга тврдина кај с. Цирополе.
Низ клисурата минува делница (27,4 км) од второкласниот републички пат II-19: Симитли – Банско – Неврокоп – ГП „Либјахово - Везме“ („Илинден - Ексохи“, од 51. до 78,4. км) кон Драмско, Егејска Македонија. Слики
Поврзано Момина кула Разлошка Котлина Неврокопска Котлина
Наводи
Топографски карти Лист од карта K-34-84. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-96. Размер: 1 : 100 000
Надворешни врски Опис на Момина Клисура од Васил К’нчов, 1891 г.
Категорија:Клисури во Пиринска Македонија Категорија:Општина Банско Категорија:Општина Неврокоп