Алпска дебелоглавка (Pyrgus andromedae) е пеперутка од семејството на Дебелоглавки. Пеперутката вирее на високи надморски височини. Пеперутката ја има и во Македонија, па дури и во Арктикот. Често се наоѓа покрај вода.

Опис Ова е дебелоглавка со средна големина, со распон на крилјата од 26-30 мм. Горните крилја на предниот дел се темнокафени со бело точки, а задниот дел е без дамки. Долната страна на задниот дел има две карактеристични бледи обележја. Возрасните летаат во јуни и јули. Има брз лет, низок над земја.

Распространетост Пеперугата ја има на високи планински предели во Европа. Често се наоѓа покрај вода или мочурливи предели.

Животен циклус Пеперугата има една генерација годишно. Јајцата се полагаат индувидуално. Ларвите се забележани на Alchemilla glomerulans, Alchemilla alpina, Dryas octopetala и неколку видови на Potentilla. Гасениците виткаат свилена мрежа и прцврстуваат листови за да направат засолниште/ За време на зимата тие хибернираат.

Статус Освен во Австрија, пеперутката е не е во опасност ниту е загрозена.

Наводи

Whalley, Paul - Mitchell Beazley Guide to Butterflies (1981, reprinted 1992)

Надворешни врски Список на пеперуги во Македонија Европски пеперуги Lepiforum.de

Категорија:Дебелоглавки Категорија:Инсекти на Македонија