Портокалово-жолтата дебеллоглавка (Thymelicus sylvestris) е пеперутка од семејството на пеперутки Дебелоглавки. Пеперутката ја има и во Македонија.
Опис Пеперутката е портокалова и жолтеникава по боја. Под телото е сребреносто бела и има распон на крилјата од 25 до 30 мм. Оваа пеперутка е слична со Европската дебелоглавка. Кај оваа пеперутка долниот дел на антените се жолтеникаво-портокалови. Мажјакот има изразена црна лента.
Распространетост Пеперутката се наоѓа во скоро цела Европа, Северна Африка и Близок Исток. Најчесто се среќава кај висикорасна трева.
Животен циклус Јајцата се полагаат на растенијата од јули до август. Гасениците ја јадат својата јајцева кора. На пролет започниваат со активно хранење. Претпочитаат Holcus lanatus, но и Phleum pratense, Holcus mollis, Brachypodium sylvaticum, Alopecurus pratensis и Dactylis glomerata. Возрасните единки летаат во јуни, една недела пред Европската дебелоглавка.
Наводи
Jim Asher et al. The Millennium Atlas of Butterflies of Britain and Ireland Oxford University Press
Надворешни врски
Список на пеперутки во Македонија Butterfly Conservation Наука и природа, ББЦ Lepiforum.de Пеперутки во Велика Британија Пеперутки во Ерменија
Категорија:Дебелоглавки Категорија:Инсекти на Македонија