Цапаревска Река — река во Мелничко (Општина Струмјани), Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 24 км и ги одводнува источните делови на Малешевските Планини.

Реката извира на 1.372 м.н.в., околу 300 м западно од врвот Голак (1.453 м) во средишниот дел на Малешевските Планини. Тече во правец исток-југоисток, во релативно длабока долина обрасната ретка шума и еродирани падини. На крајот се влева во Струма кај с. Микрево во Општина Струмјани, на 125 м.н.в.

Сливот на реката зафаќа , што претставува 0,45 % од вкупниот слив на Струма.

Главни притоки: → лева, ← десна → Правеца ← Рибничка Река ← Липовска Река → Горемска Река (најголема)

Реката претежно се напојува од дождови. Најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.

По течението на Цапаревска Река нема население места освен Микрево кое се наоѓа кај самото устие.

Сосем мал дел од водите на реката се користат за наводнување, и тоа највеќе во околината на Микрево.

Поврзано Малешевски Планини

Карти Лист од карта K-34-83. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-95. Размер: 1 : 100 000

Наводи

Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Струмјани