Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Побожје; скратено: ПООУ „Кирил и Методиј“) — подрачно основно училиште во селото Побожје, составен дел на истоименото училиште во селото Кучевиште.
Училиштето е именувано по словенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во непосредна близина на главната селска црква „Св. Петка“.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Чучер-Сандево Побожје Категорија:Побожје