Брезничка Река () или Туфча — река во Неврокопско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 27 км.Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 65.

Реката извира од Горното Брезничко Езеро (на 2.587 м.н.в.) во Брезничкиот Цирк на Пирин. Најпрвин тече на југоисток, прави голем лак испакнат кон југ, свртува на североисток и стасува до с. Брезница. Во овој дел долината ѝ е длабока и добро пошумена. По селото свртува на југоисток и навлегува во долина со обесшумени и соголени страни. Се влева во десниот брег на Места, на 524 м.н.в., 1 км западно од селото Балдево.

Сливот зафаќа површина од , што претставува 3,57 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки: → лева, ← десна ← Јанколица → Мишовска Река (Мишово Дере) → Глоговица → Речиште ← Глобоштица ← Маревска Река (најголема)

Средниот годишен истек кај с. Брезница изнесува . Најполноводна е во мај, а најслабоводна во септември.

Селото Брезница во Општина Неврокоп (Г. Делчев) е единственото населено место по течението на реката.

Мал дел од водите на реката во нејзиното долно течение се користат за наводнување.

Карти Лист од карта K-34-87. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-96. Размер: 1 : 100 000

Поврзано Неврокопско

Наводи

Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Општина Неврокоп Категорија:Притоки на Места