КК Борец Баскет е кошаркарски клуб со седиште во Велес, Македонија. По најновите промени во структурата на Кошаркарската Федерација, од 2025 година клубот се натпреварува во Прва Лига Мажи. Домашните натпревари ги игра во Спортската сала Гемиџии која има капацитет од околу 3,500 гледачи.
Сезона 2025/26
Во натпреварувачката сезона 2025/26 направени се историски промени во вториот ранг на кошаркарското натпреварување во Северна Македонија. Поранешната Втора македонска лига е преименувана во *Прва Лига – мажи*, со две групи (Група A и Група Б ), додека највисокиот ранг е наречен *МТЕЛ Супер Лига*.
Овие прописи, меѓу другото, за првпат дозволиле и регистрирање на странски кошаркари во Првата лига – мажи.
КК Борец Баскет е една од првите екипи која ја искористила оваа можност со цел подигнување на квалитетот на играта, но и за поголема популаризација на кошарката во регионот. Првото странско појачување во историјата на клубот бил Дерик Дион Елис, кој претходно играл колеџ кошарка во САД и тоа му било негово прво професионално меѓународно искуство. По потпишувањето во пресрет на 3. коло, тој на 10 натпревари просечно забележал 19,2 поени. КК Борец Баскет во тој период забележал 9 победи и само 1 пораз, што резултирало со делба на првата позиција во Група Б и пласман во плеј-оф. Пред почетокот на плеј-офот, Елис морал да се врати во САД.
По неговото заминување, екипата потпишала нов странски кошаркар – Зион Јанг.
Состав 2025/26
# Име и презиме Позиција Датум на раѓање Државјанство Забелешка 1 Александар Штерјов Центар 15.05.1986 2 Предраг Пајиќ Крило 20.01.1993 3 Стефан Митрев Крило 23.03.2000 4 Никола Зафирчев Бек 05.03.1997 5 Суад Карталовиќ Крило 13.02.2001 6 Давид Трпески Бек 02.02.2003 7 Петар Виларов Крило 19.07.1993 8 Кристијан Петровски Крило 16.01.2000 9 Александар Анчевски Бек 16.09.2006 10 Маријан Климкаров Бек 16.11.2007 11 Мартин Захариев Разигрувач 11.12.2009 12 Андреј Чадамов* Разигрувач 11.04.2006 Тиквеш Голден Игл 13 Дамјан Ивановски* Крило 24.01.2007 Феникс 2010 14 Стефан Сапроновски* Разигрувач 06.09.2007 КК Маџари 2023 15 Христијан Несторовски* Крило 05.04.2007 Тиквеш Голден Игл
Со ѕвезда (*) се означени играчи со двојна лиценца. |}
Странски кошаркари
# Име и презиме Позиција Датум на раѓање Државјанство 1 Дерик Дион Елис Разигрувач 01.07.1998 2 Зион Тимоти Џејмс Јанг Бек 25.09.1999
Стручен штаб
Име и презиме Функција Панче Јанковски Службен претставник Ангел Љутков Тренер Васко Бојчев Помошник тренер Сашко Ристов Помошник тренер Ана Љуткова Лекар Горан Богатинов Лекар Ангелина Сапроновска Лекар Катеринчо Груев Физиотерапевт Трајче Лазаровски Физиотерапевт Зоран Кимов Службен претставник
Историја Кошаркарскиот клуб Борец Баскет бил основан во 2009 година. Не е на правен начин поврзан со поранешните велешки клубови - згаснатите КК Борец, КК Жито Вардар и КК Велес 2000. Сепак, името кое го носи е синоним за велешкиот спорт.
Во 2010 година, клубот за првпат пријавил сениорска екипа во Третата лига 2010/11. Таа сезона Борец Баскет го освоил второто место и бил унапреден во Втората македонска лига. Во сезоната 2011/12, клубот сега како второлигаш, завршил на седмото место. Во сезоната 2012/13, Борец Баскет не пријавил екипа во Втората лига. Сезоната 2013/14, екипата станала вицепрвак во Третата лига и повторно била унапредена во вториот ранг. Сезоната 2014/15, екипата завршила со исто бодови како уште две екипи на второто место. Но поради полошата меѓусебна разлика, Борец Баскет паднал на четвртото место. Во пресрет на следната сезона, првакот бил Т-Баскет, кој бил унапреден во Првата лига, се откажал поради ненаоѓање на соoдветна сала. На велешкиот клуб му следувала покана за учество, но исто така поради ненаоѓање на соoдветна сала, морал да одбие. Дополнително, клубот се откажал и од Втората лига и не пријавил екипа за натпреварување. Во сезоната 2016/17, клубот под спонзорското име Борец Еуробрик, повторно заиграл во Третата лига. Екипата се откажала после двете третини од сезоната и завршиле на последното седмо место на табелата. Следната сезона, се натпреварувал во Третата лига. Поради поделувањето на Втората лига на Исток и Запад, односно укинувањето на Третата лига, Борец Баскет припаднал на источната лига во сезоната 2018/19. Тогаш екипата завршила на петтото место во Истокот. На полусезона од следната 2019/20, за клубот потпишува поранешниот сениорски репрезентативец Владимир Брчков. Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Кошаркарската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 13 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на кошаркарските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. До тој момент клубот атакува на четвртата позиција која води во плејоф, по неколку победи и изедначени двобои со директните конкуренти. Подоцна, Федерацијата одлучила во скратен турнир, двете најдобри екипи да бидат унапредени во Првата лига. Но на 25 јуни, Управниот одбор заклучил дека поради пандемијата, сепак натпреварување нема да има и првите пласирани екипи од Западот и Истокот (Црн Дрим и ТФТ) биле унапредени во Првата лига.
Состав 2020/21
број име и презиме висина (cm) позиција години државјанство пристигналво (година) претходен клуб 0 Стефан Митрев 196 Бек 20 1 Милан Павлов 193 Крилен центар 28 3 Леонид Миланов 195 Крилен центар 20 4 Бошко Ивковиќ 185 Разигрувач 36 6 Дамјан Стојменов 190 Бек 24 2020 КК Шкупи 7 Владимир Брчков 200 Центар 31 2019 Влазнија 9 Васил Танев 185 Бек 24 2020 Баскет Кам 10 Игор Темелковски 199 Крило 31 11 Суад Карталовиќ 200 Крилен центар 20 12 Петар Виларов 195 Бек / Крило 27 13 Никола Зафирчев 188 Разигрувач 24 14 Донче Бојчев 195 Бек /Разигрувач 20 15 Слободан Михајловски 196 Крилен центар 36 2021 5 Мартин Котевски* 188 Бек /Разигрувач 20 2020 КК ТФТ (даден на позајмица) Кирил Димов 187 Бек 22 Александар Ристовски Бек 19
Со ѕвезда (*) до името се означени играчите кои настапуваат под двојна лиценца.
Состав 2019/20
број име и презиме висина (cm) позиција години државјанство пристигналво (година) претходен клуб 0 Стефан Митрев* 196 Бек 19 3 Леонид Миланов 195 Крилен центар 19 4 Бошко Ивковиќ 185 Разигрувач 35 5 Љупчо Маџуркаров 185 Бек 25 6 Петар Виларов 195 Бек / Крило 26 7 Милан Павлов 193 Крилен центар 27 8 Ѓоре Ѓошевски 193 Бек 18 9 Мартин Караколев 196 Бек 22 10 Игор Темелковски 199 Крило 30 11 Суад Карталовиќ* 200 Крилен центар 19 12 Стефан Здравков 200 Центар 29 13 Никола Зафирчев 188 Разигрувач 23 14 Донче Бојчев 195 Бек /Разигрувач 19 15 Владимир Брчков 200 Центар 30 2019 Влазнија Томислав Петров* 188 Бек /Разигрувач 20 2020 Кожув (даден на позајмица) Кирил Димов 187 Бек 21 Повремени играчи од младинските категории Александар Ристовски Бек 17 Александар Здравев Крило 17 Со ѕвезда (*) до името се означени играчите кои настапуваат под двојна лиценца.
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија
Наводи
Надворешни врски КК Борец Баскет на Eurobasket.com Службена страница на Борец Баскет на Facebook Службена страница на Борец Баскет на Instagram Службен Youtube канал на Борец Баскет
Борец Баскет Категорија:Појавено во 2009 година во Македонија