мини|250п|Логодашка Река на картата на Општина Горна Џумаја. Логодашка Река — река во Горноџумајско, Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 22 км и ги одводнува источните и средишни делови на планината Влаина.

Река извира под името Клисурска Река на надморска височина од 995 м од планината Влаина, 300 м северозападно од маалото Ваклинци на с. Клисура, Општина Горна Џумаја (Благоевград). Најпрвин тече на југоисток во длабока и добро пошумена долина, а по с. Логодаш страните стануваат мошне соголени. По утоката на најголемата притока Четрока (десна) Логодашка Река свртува на исток и кај с. Покровник навлегува во Горноџумајската Котлина, каде коритото ѝ е уредено со брежни насипи. Завршува како десна притока на Струма, 500 м југоисточно од Покровник.

Сливот на реката зафаќа , што претставува 0,96 % од вкупниот слив на Струма.

Главни притоки: → лева, ← десна → Дренски Дол ← Четрока (најголема) ← Поповска река

Логодашка Река се напојува претежно од дождови; најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.

По течението на реката има три села: Клисура, Логодаш и Покровник, сите во Општина Горна Џумаја.

Водите на реката и на некои од нејзините притоки се користат за наводнување, за која цел на една нејзина мала лева притока е изградено големото вештачко езеро Стојковци.

Топографски карти Лист од карта K-34-70. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-82. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-83. Размер: 1 : 100 000

Поврзано Горноџумајска Котлина

Наводи

Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Горна Џумаја