15 Лебед е единечна ѕвезда во северното coѕвездие Лебед. Со привидна ѕвездена величина од 4,90, е слабосјајна ѕвезда, но е видлива со голо око. Растојанието до 15 Лебед може да се процени од годишната паралакса од mas, што е пак растојание од околу 296 светлосни години. Се приближува кон Сонцето со околусончева радијална брзина од 23,6 км/с.

Ова е остарена џиновска везда со ѕвездена класификација, G8 III, во која водородот од јадрото е целосно искористен и се развива надвор од главната низа. Тоа е припадник на џиновите од црвеното згрутчување, што значи дека енергијата се создава преку соединување на хелиумот во неговото јадро. Ѕвездата е со старост од 1,50 милијарди години со 2,3 пати поголема од маса од онаа на Сонцето, и е проширена од сончевиот полупречник за 12 пати. Зрачи со јачина поголема 93 пати од светлината на Сонцето, поради зголемената фотосфера на делотворна температура од 4.920  К.

Наводи

Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка Категорија:Жолти џинови