Нада Богданова - Икономова, Нада Миланова (псев. Стојна) ( во , егејскиот дел на Македонија — во ) — правник, комунистички деец, првоборец, новинар и носител на Партизанска споменица од 1941.
Таа била сопруга на Ѓорѓи Икономов, македонски фармацевт и поранешен градоначалник на Град Скопје.
Животопис лево|мини|200x200пкс|Партизанската споменица 1941, чиј носител е Нада Богданова - Икономова. Како студент во Белград, од 1937 година била кандидат, а во 1940 година станала член на КПЈ. Во времето на НО-АВМ била член на МК на КПЈ во Скопје (1942), врска на ПК на КП за Македонија со партиските комитети во внатрешноста, со ЦВ на БРП(к) и со Јужна Србија и Косово.
Во овој период, таа живеела во Битола и била одговорна пред Партијата за работата со жените. Во нејзиниот дом престојувале илегалци. Таа пренесувала нелегален материјал во Прилеп и Скопје.
Како инструктор на ЦК на КПМ (ок. 12 јуни 1943 година), двапати била апсена од бугарската полиција во Скопје (1943), а потоа интернирана (мај 1944 година) во Симитли и Горна Џумаја. По враќањето била борец во четериесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ (септември 1944). По ослободувањето била член на АФЖ на Македонија, соработиник, а и потоа главен уредник на списанието „Македонка“. Носител е на партизанска споменица од 1941 година.
Наводи
Книжевност * БИБЛ.: Пренесување на илегален материјал Од илегалната работа на КПЈ, †Просветена жена#, XV, Скопје, 1959, 10; Сеќавање за работата во Горно Врановци, Историските денови во Горно Врановци, Скопје, 1984, 162-165; Формите и содржините на работата со жените и женската младина во Битила 1941/1942 година, Битола и Битолско во 1941 i 1042, книга прва, Битола, 1978, 517-520.ИЗВ.: Зб. НОР, т. VII, кн. 2; Извори, т. I, кн. трета; Зборник на документ за учеството на жените од Македонија во Народнослободителната војна и Револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976. С. МЛ.
Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски правници Категорија:Југословенски правници Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Затвореници во Бугарија