Полуостровски кактус (Ferocactus peninsulae) е бурест кактус, дел од видот ферокактуси. Кактусот е ендемски во Мексико, поточно во сојузната држава Јужна Долна Калифорнија.
Опис Полуостровскиот кактус достигнува висина и до 70 см. Кактусот е овален и има од 12 до 20 длабоки и изразени ребренца. Боцките се сивкасто-црвени и имаат бели или жолти врвови. Цветовите се налик на инка и тие се црвенкасти или жолти. Цветовите достигнуваат должина до 6 см. Плодовите се сферични, жолти и долги 4,5 см.
Распространетост Полуостровскиот кактус е еднемичен на полуостровот Калифорнија, поточно во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија. Името на кактусот потекнува од матичниот регион каде е ендемски.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Biolib.cz: Ferocactus peninsulae
Категорија:Ферокактуси