17 Лебед Флемстидова ознака за двоен ѕвезден систем во северното соѕвездие Лебед. Со привидна ѕвездена величина 5, системот, според Бортловата скала, може да се забележи со голо око на приградското небо во текот на ноќта. Мерењата направени со вселенското летало Хипаркос покажуваат годишна промена на паралаксата од 0,0478 ″, што е еквивалентно на растојание од околу 68,2 светлосни години или 20,9 парсеци од Сонцето. Има релативно високо сопствено движење, движејќи се низ небесната сфера со брзина од "/годишно.

Ѕвездената класификација на примарната ѕвезда е F7 V, што значи дека е ѕвезда на главната низа како и Сонцето. Ѕвездата има маса за 1,24 пати поголема од масата на Сонцето и полупречник за 0,95 - 1,1 пати поголем од Сончевиот полупречник. Таа е со старост од околу 2,8 милијарди години и сјае со сјајност 3,66 пати поголема од сончевата. Делотворната температура на ѕвездената атмосфера е 6.455 K, што одговара на жолтобела обоеност карактеристична за ѕвездите од F-тип.

На аголно растојание од 791,40 лачни секунди се наоѓа придружник со сопствено движење класифициран како M0.4, што укажува дека станува збор за ѕвезда, црвено џуџе. На проценетото растојание на парот, кое е еднакво на предвидено растојание од 16.320 АУ. Иако CCDM наведува постоење на уште четири придружници, тие физички не се поврзани со оваа двојна ѕвезда.

Наводи

Категорија:HD-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Глизеови објекти Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Црвени џуџиња од главната низа