30 Лебед — ѕвезда бел џин со ѕвездена класификација A5III во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е со привидна ѕвездена величина 4,83 и на растојание од 610 светлосни години.
Бајеровата буква ο (омикрон) е користена на две или три ѕвезди 30, 31 и 32 Лебед. 30 Лебед понекогаш се означува како ο1 Лебед, за останатите две ѕвезди соодветно да ја имаат ознаката ο2 и ο3. За да нема забуни, се препорачува употреба на Флемстидовата ознака 30 Лебед.
30 Лебед е на растојание од 6 лачни минути од 31 Лебед A и 7 лачни минути од 31 Лебед B. Парот е познат како ο1 Лебед, додека пак ο2 Лебед е за степен подалеку. Двете ѕвезди ο1 и ο2 се ѕвезди со ѕвездена величина 4.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бели џинови Лебед, 30 Категорија:Тела од Бонскиот преглед 099639 7730 192514