Светило (или Разјаснувач; латински: Elucidarium или Elucidarius) - теолошки трактат на Хонориј Августодунски (Honorius Augustodunensis) од XI век. Ова дело било исклучително популарно во католичката Европа во текот на неколку века.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 239. Во прологот, авторот го споредува своето дело со градба која е изградена „на каменот Христов“ и која се потпира на четири столба: на авторитетот на пророците, на доблестите на апостолите, на мудроста на толкувачите и на размислувањата на магистрите. Според неговите зборови, основната намена на „Светилото“ е да го подели богатството со другите, и тоа не само со современиците, туку и со идните генерации. Во таа смисла, тој го изразува стравот дека ќе предизвика завист кај другите.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 353.

Содржина „Светило“ се состои од три книги:Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 240. Првата книга на „Светило“ се вика De divinis rebus и во неа, форма на прашања и одговори, е изложена светата историја, т.е. се раскажува за Господ, за создавањето на светот, за ангелите и демоните, за создавањето и падот на првиот човек, за отелотворувањето на Бога, за животот на Исус Христос, за неговата жртва, за Христовото мистично тело и евхаристијата. На крајот на првата книга, Хонориј го излага своето размислување за лошите свештеници. Втората книга, со наслов De rebus ecclesiasticis, е посветена во целост на човековиот живот од раѓањето до смртта. Во неа е изложено учењето за злото, гревот, провидението, предодреденоста, крштевањето, бракот, разните типови луѓе и нивните перспективи за спас на душата итн. Исто така, во оваа книга, Хонориј дава анализа на односот меѓу човекот и Господ и ги искажува своите размислувања за ангелите-чувари, за демоните, за смртта и за погребот. Третата книга е наречена De futira vita и во неа се зборува за аспектите на животот по смртта: рајот, чистилиштето и пеколот, за судбината на душите на божјите избраници и на отфрлените, за крајот на светот (Судниот ден), а книгата завршува со опис на вечното блаженство на избраниците.

Теолошките ставови во книгата Идејата за предодреденоста Основната идеја во „Светило“ е мислата за грешноста на човечкиот род поради што поголемиот дел од него го очекува вечна пропаст. Во тој поглед, Хонориј се сложува со учењето на Августин за предодреденоста (божјата предестинација) кое тој многу го поедноставува и извлекува фатални заклучоци. Така, според толкувањето на Хонориј, предодреденоста е божја волја, изразена уште пред создавањето на светот, така што оние кои се предодредени да влезат во царството божје не можат да пропаднат и ќе бидат спасени. Истото се однесува и за оние кои ги офрлил Бог, т.е. „злобните“ се предодредени да пропаднат. Според Хонориј, предодреденоста нема поединечен карактер, туку таа е класна - „избраните“ се од редот на определени општествени слоеви. Така, по размислувањето за праведните свештеници, кои ги нарекува „светлината на светот“, „солта на земјата“ и „прозори во домот божји“, Хонориј преминува на световните ситуации. Притоа, тој ги осудува витезите кои се воини и живеат од грабеж; за трговците има мала надеж, зашто својот имот го стекнуваат на нечесен начин, поради што го очекува пеколот; исто така, и сите занаетчии ќе пропаднат, зашто тие се служат со измами; жонглерите ги нарекува слуги на Сатаната; а истата судбина им ја предвидува на оние кои се каат јавно, зашто со тоа го лутат бога. Од друга страна, безумните, кои се слични на децата, ќе бидат спасени; поголемиот дел од земјоделците ќе бидат спасени зашто живеат едноставно и со својата пот го хранат народот божји; а децата до тригодишна возраст, кои сè уште не умеат да зборуваат, ќе бидат спасени, ако се крстени. Според мрачните предвидувања на Хонориј, само мал број луѓе ќе бидат спасени.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 240-243.

Според толкувањето на Хонориј, иако во Библијата пишува дека Христос умрел за грешните и дека ја примил смртта „за сите“, тоа треба да се сфати така што тој умрел само за избраните кои во тоа време сè уште биле грешни, а зборовите „за сите“ значат дека тој умрел само за одбраните меѓу сите народи. Според тоа, Христовата милост се однесува само на праведните, а неправедните ќе бидат осудени. Оттука, никој не може да се спаси освен избраните „зашто сè оди во прилог на нив, дури и нивните гревови“. На прашањето, ако само предодредените ќе бидат спасени, тогаш зошто се создадени останатите луѓе, учителот одговара: Отфрлените се создадени заради избраните, за тие да ги усовршуваат своите доблести и да се поправаат од пороците, во споредба со отфрлените да изгледаат уште пославни и уште повеќе да се радуваат на својот спас. Дури ако Господ дозволува некои деца да умрат дури и пред да бидат крстени, тоа го прави заради избраните кои треба да знаат дека ми се помили на Господ отколку оние кои се невино осудени.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 253.

Зборувајќи за божјето сезнаење, Хонориј пишува дека Господ ги гледа целото минато, сегашност и иднина и дека тој предвидел сè уште пред да го создаде светот - имињата на ангелите и на луѓето, нивниот карактер, желби, зборови, постапки и мисли. Како што во умот на градителот постои сликата за градбата што ќе ја направи, така во божјата предодреденост се наоѓа сè. Ништо не се случува надвор од божјиот план и не постои никаква случајност.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 256. На пример, господ ги создал животните предвидувајќи дека ќе му бидат потребни на човекот; мувите и комарците ги создал за да го лечат од гордоста така што ќе го касаат; мравите и пајаците ги создал за да му дадат пример со својата работливост.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 258.

Поделбата на злобните и добрите луѓе Според Хонориј, лесно може да се препознаат добрите и лошите луѓе: оние кои имаат чиста совест имаат радосен изглед, лесен чекор, сладок говор и сјај во очите; наспроти нив, под товарот на гревот, злобните имаат тежок чекор, зборовите и делата им се несигурни, смеата им е неубедлива, а зборовите им се непријатни и нечисти. Меѓутоа, на друго место во трактатот, Хонориј искажува спротивни мисли, велејќи дека „денес, добрите и злобните се измешани и многу злобни изгледаат како добри и многу добри ги сметаат за зли“ така што дури на Судниот ден ангелите ќе ги разделат добрите и лошите. Во согласност со своите идеи за предодреденоста, Хонориј го смета ѓаволот за „вреден ковач на овој свет“, кој со своето мачење ги казнува отфрлените. На земјата, како инструменти за одделување на праведните од отфрлените служат богатството и власта. Од една страна, богатството им се дава на отфрлените „поради избраните“, кои ги презираат привремените вредности. Со помош на богатството, отфрлените им прават зло на праведниците и така ги упатуваат на патот на вистината. Од друга страна, праведниците ги користат богатството и власта за да прават добри дела и за уште повеќе да ги ценат небесните вредности. Според Хонориј, секоја власт произлегува само од Бога и тоа се однесува како за власта на злобните така и за власта на добрите.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 243-244.

Учењето за човекот Според Хонориј, човекот е создаден од духовна и од телесна супстанција, а во врска со тоа, тој ја разгледува темата за микрокосмосот или малиот свет (microcosmus, id est minor mundus). Материјалната супстанција на човекот се состои од четири елементи: телото е направена од земја, крвта од вода, здивот од воздух, а топлината од оган. Човековата глава е тркалезна како небесниот свод, парот човечки очи одговара на парот на ѕвездите, а седумте отвори во главата се седумте небесни хармонии. Градите кои страдаат од кашлица се слични на воздухот кого го потресуваат громовите и ветровите; стомакот ги прима сите течности како што морето ги прима сите текови; нозете ја држат тежината на телото, слично на земјата; човечкиот поглед е направен од небесниот оган, слухот е од повисоките слоеви на воздухот, мирисот е од неговите пониски слоеви, вкусот од водата, а допирот од земјата. Коските се тврди како каменот, ноктите како дрвото, косата ја има убавината на тревата, чувствата се како животните. Иако поимот на микрокосмосот не потекнува од Хонориј, сепак кај него се забележува одредена оригиналност, хомогеност и прегледност. Притоа, човечкото тело Хонориј го споредува со телото на црквата и на тој начин, вселената, човекот и црквата се создадени по истата шема, ги содржат истите елементи и го претставуваат божјото единство. Самото име на човекот (Адам) е поврзано за четирите страни на светот, т.е. се состои од првите букви на грчките зборови за страните на светот („анатоле“, „дисис“, „арктос“ и „месембрија“).Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 257-258.

Толкувањето на историјата На прашањето, колку траело создавањето на светот и колку долго Сатаната бил на небото пред да биде прогонет, учителот одговара дека тоа траело неполн час; во третиот час, Адам им ги дал имињата на животните; во шестиот час била создадена жената, Адам и Ева живееле во рајот седум часа, т.е. биле избркани во деветтиот час. Применувајќи ја средновековната симболика на броевите, Хонориј дава одговори и на бројни други прашања: зошто Христос се родил на полноќ; зошто не се родил пред потопот или веднаш по потопот; зошто се наоѓал во утробата на Богородица девет месеци; зошто не ја искажувал својата света моќ пред триесеттата година; колку часа бил мртов по распнувањето; зошто лежел во гробот во текот на две ноќи а ниеден ден; зошто не воскреснал веднаш по смртта, во кое време слегол во пеколот; зошто не го одложил своето доаѓање до крајот на светот итн.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 254-255.

Страшниот суд и крајот на светот Во делот каде го објаснува Страшниот суд, Хонориј вели дека Антихристот ќе владее со светот 3,5 години при што ќе го потчини човечкиот род на четири начини: угледните ќе ги поткупи така што ќе им даде неброено богатство, обичниот народ ќе го потчини со помош на заплашување и невидена суровост, свештенството ќе го привлече со невидена мудрост и говорништво зашто ќе ги поседува сите знаења, а калуѓерите ќе ги излаже со разни претскажувања и симболи (ќе ги оживее мртвите и ќе ги натера да сведочат за него, ќе нареди огнот да се спушти од небото, итн.).Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 244-243.

За време на воскреснувањето на мртвите пред Страшниот суд, воопшто не е сигурно дека телата ќе го попримат својот поранешен лик: како што грнчарот кој го скршил садот и од истата глина прави нов сад при што може да го промени обликот на рачката, така и Господ може од поранешниот метаријал да направи ново тело без старите недостатоци. На Страшниот суд, грешниците ќе ги влечат надолу нивните гревови, а праведниците ќе бидат издвоени како зрната од плевата, а ангелите и светците ќе се радуваат кога ќе ги гледаат праведните.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 262. Тогаш, целиот свет ќе се промени - наместо поранешниот свет ќе се појави нов, без неволји и несреќи, земјата ќе биде вечно плодна, сонцето ќе свети со необична сила, а луѓето ќе бидат убави како библискиот лик Авесалом, силни како Самсон, а со здравјето ќе го надминат Мојсеј.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 269.

Црквата како Христовото тело