Аероп I — крал на Македонија од династијата на Аргеадите, син на Филип I, правнукот на Пердика I, четвртиот крал, и татко на Алкет I.Херодот, VIII. 139.

Според примо генитура, за крал е прогласен уште во лулка, на бојното поле пред битката со Илирите, зашто (според Јустин) „на Македонците не им недостига храброст, туку крал“. Ја зајакнува македонската воена организација и во негово време македонската држава се проширува.Herodotus, I–IV, 4 Vols., Loeb Classical Library, Harward, University Press, 1961

На почетокот од неговото владеење, Тракијците и Илирите честопати ја напаѓале Македонија. Се верува дека Македонците почнале да остваруваат победи над Тракијците и Илирите откако на чело на македонската армија во битките застанал младиот Аероп. Неговото присуство придонело да се зголеми борбениот морал кај војската со што Тракијците и Илирите биле присилени да престанат со нападите.

Наводи

Литература

Farr, Edward History of the Macedonians (Robert Carter & Brothers, New York, 1850), pg. 37

Категорија:Кралеви на Античка Македонија Категорија:Аргеадска династија Категорија:Родени во непозната година