Карпо Аќимовиќ Година или Карпо Година (, ) — словенечки режисер, сценарист, кинематографер, монтажер.Karpo Godina was born in Skopje Тој е еден од најпознатите претставници на „црниот бран“ во југословенскиот филм — творечко, филмско, сценаристичко и режисерско движење кое се занимавало со социјални, економски и идеолошки теми, особено во периодот од 1964 и 1973 година, со главни центри Белград, Загреб и Љубљана. Неговиот филм „Вештачки рај“ бил прикажан во 1990 година на Канскиот филмски фестивал.

Животопис Роден е 1943 година во Скопје. Неговата мајка била Милена Година, југословенска и словенечка театарска и филмска глумица. Татко му бил Македонец.Drugi so sanjali o Milji, jaz sem jo pa imel на семрежното место на дело Студирал на Академијата за театар, радио, филм и телевизија на Универзитетот во Љубљана, а дипломирал во 1966 година. Тој ја започнал својата кариера во раните 1960-ти со аматерски филмови, а првите признанија ги добил на меѓународни манифестации и фестивали посветени на краткометражни и документарни филмови. Како директор на фотографија или кинематографер, бил ангажиран во повеќе од дваесет филмови а режирал телевизиски серии и кратки филмови. Прв позначаен ангажман како директор на фотографија или кинематографер ја имал во 1969 година, во филмот „Рани дела“ чии сценарист и режисер бил истакнатиот Желимир Жилник. За исто така антологискиот филмот „Сплав медуза “ ја добил Прешерновата награда за неговиот ангажман како директор на фотографија, во 1980 година. Покрај својата работа како директор на фотографија, тој има режирано и напишано сценарија за голем број кратки и документарни филмови. Од 1990 година предава филмска режија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија на Универзитетот во Љубљана.

Филмографија

Директор на фотографија

Режисер Сонце, универзалното сонце (1968) Пикник во недела (1968) Гранатираниот мозок на Пупулие Феркеверк (1970) Здрави луѓе за забава (1971) Ми недостига Соња Хени (1971) 14441 квадрат (1972) Ислам (1973) Умјетноста на исламот (1973) Рамка за неколку пози (1976) Сплав медуза (1980) Црвениот буги (1982) Вештачки рај (1990) Како загина Стела дел норд? (2002) Доживувањето на господинот П.Ф (2003)

Филмски монтажер

Сонце, универзалното сонце (1968) Пикник во недела (1968) Кукла (1968) Рани дела (1969) Гранатираниот мозок на Пупулие Феркеверк (1970) Каде оди народната војска (1970) Здрави луѓе за забава (1971) Црни филм (1971) 14441 квадрат (1972) Рамка за неколку пози (1976) Сплав медуза (1980) Црвениот буги (1982) Доживувањето на господинот П.Ф (2003)

Сценарист

Сонце, универзалното сонце (1968) Пикник во недела (1968) Гранатираниот мозок на Пупулие Феркеверк (1970) Здрави луѓе за забава (1971) 14441 квадрат (1972) Ислам (1973) Доживувањето на господинот П.Ф (2003)

Награди

Награда на југословенската режија и критика (1980, 1983)nagrade Бадјурова награда (1980, 1982) Награда на кралскиот филмски архив на Белгија (1980), за филмот Сплав медуза Награда на жирито на француските филмски медиуми (1984), за филмот Црвениот буги Златна арена за монтажа (1990), за филмот Вештачки рај Награда Underground spirit (2013) Награда Берт (2016) Штигличевата награда (2018)

Наводи

Библиографија Filmkollektiv Frankfurt, ed. (2013). On the cinema of Karpo Godina or A book in 71383 words, 225 pages, .

Надворешни врски https://www.imdb.com/name/nm0009902/

Категорија:Словенечки сниматели Категорија:Југословенски режисери Категорија:Словенечки режисери Категорија:Југословенски сценаристи Категорија:Словенечки сценаристи Категорија:Југословенски сниматели Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Прешерновата награда