Рин (, ) – единствена вистинска пустина во Европа. Се наоѓа во автономната република Калмикија во Русија и во поголем дел во западен Казахстан, северно од Каспиското Езеро и југоисточно од Приволшкото Возвишение. Границите на пустината се многу лабаво дефинирани. Некои мапи покажуваат дека скоро цела пустина е во Прикасписката Низина, протегајќи се скоро до брегот на Каспиското Езеро, додека други ја покажуваат северно од низината. Пустината лежи западно од реката Урал меѓу 46. паралела и 49. паралела географска ширина, од 47. до 52. источен меридијан географска должина. Температурите се екстремни, во лето може да достигнат 48 °C, а во зима да паднат до -36 °C.Русија - клима и географија
Зафаќа површина од околу 50.000 км2. Многу мали градови се раштркани низ пустината Рин, а густината на населението е меѓу и и 15 жители на квадратна милја. Рин лежи во полусушна климатска зона и количината врнежи е многу мала.
Наводи
Надворешни врски International Journal of Environment and Pollution 2004 - Vol. 22, No.1/2 pp. 72 – 86. ISSN 0957-4352 DK World Atlas, Millennium Edition, pgs. xxv, xxix, 258
Категорија:Пустини во Казахстан Категорија:Пустини во Русија Категорија:Географија на Астрахањската област