Чаморите (чаморски: Chamorro) се староседелски микронезиски народ на Маријанските Острови, денес во составот на американските територии Северни Маријански Острови и Гуам. Денес, значаен број од Чаморите живеат во САД и Хаваите. Според пописот од 2000 година, во Гуам живееле околу 65.000 Чамори, а во Северните Маријански Острови живееле 19.000 Чамори.https://www.census.gov/population/www/proas/pr_ia_hist.html Надвор од Маријанските Острови живеат околу 93.000 Чамори.
Јазик
Мајчин јазик на Чаморите е чаморскиот јазик. Чаморскиот е малајско-полинезиски јазик кој е сроден со палауанскиот. Бидејќи Гуам бил под шпанска управа над 300 години, јазикот има многу позајмени шпански зборови.Rafael Rodríguez-Ponga. Del español al chamorro: Lenguas en contacto en el Pacífico. Madrid, 2009, Ediciones Gondo, www.edicionesgondo.com
Јазикот се изучува во училиштата во Северни Маријански Острови и Гуам. Јазикот се зборува по дома.
Историја Се верува дека Чаморите пристигнале на Маријанските Острови од Југоисточна Азија, во околу 2000 г.п.н.е. Поради тоа, овој народ е доста сроден со австронезијците од Филипини, Индонезија, Тајван, Палау и Каролинците. Тие биле доста добри морепловци, но и одлични производители на ткаени работи и керамика.
Шпанските колонијални записи кажуваат дека Чаморите сееле свои житни и градинарски култури според месечевите мени. Така на пример, сладок компир се сеел кога месечината била полна и имало ниска плима.
Религија Чаморите се Католици. Во доста мал број се присутни претхристијанските верувања и обичаи.
Поврзано Каролинци Чаморски јазик
Наводи
Надворешни врски
Пописни информации за Чаморите
Категорија:Чамори Категорија:Народи во Океанија Категорија:Микронезиски народи