Делта Лебед (δ Лебед, δ Cygni, Delta Cyg, δ Cyg) — двојна ѕвезда од збирна трета величина сместена во соѕвездието Лебед. Претставува дел и од астеризмот Северен Крст, чија најсјана ѕвезда е Денеб. Според паралаксните мерења направени со мисијата „Хипаркос“, Делта Лебед е на 165 светлосни години (51 парсеци) од Сонцето.
Двете составници се наречени Делта Лебед A (офиц. Фаварис) и B. Постои и оддалечена трета составница (ѕвезда) со 12-та величина која се движи заедно со другите. Заедно образуваат троен систем.
Именување
Делта Лебед (δ Cygni, Delta Cygni) е ознаката под која ѕвездата се води во Бајерово означување. Ознаките за двете составници — Делта Лебед A и B доаѓаат од Вашингтонскиот каталог на повеќеѕвездени системи (WMC) и е усвоен од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС).
Традиционално ѕвездата нема свое име. Арапските астрономи ја забелжале како дел од нивниот астеризам ел-Феварис (), што значи „Јавачи“, сместена заедно со Зета, Епсилон и Гама Лебед, спроти Северниот Крст. Во 2016 г. МАС приредил Работна група за ѕвездени имиња со цел да ги каталогизира и стандардизира личните имиња на ѕвездите. Решено е да се даваат имиња само поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи. На 1 јуни 2018 г. е одобрено името Фаварис за делот Делта Лебед A и денес е официјално.
На кинески во употреба е збирниот поим (Тјен ѓин), што значи Небесен Брод и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ни Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед, Зета Лебед и Епсилон Лебед.中國星座神話, напишано од 陳久金. Објавено од 台灣書房出版有限公司, 2005, . Оттука, кинеското име на самата Делта Лебед е (Тјен ѓин ер = „Втора ѕвезда на Небесниот Брод“).
Особини
Главната составница Делта Лебед A е синобела џиновска ѕвезда од спектрална класа B9, и температура од 10.500 K. Се приближува кон крајот на развојната фаза од главната низа со сјајност 155 пати поголема од онаа на Сонцето, 5,13 пати поголем полупречник и 2,93 Сончеви маси. Како и многу други врели ѕвезди, има брз вртеж, барем 135 км/с во екваторот, што е 60 пати побрзо од Сончевиот.
Првиот придружник Делта Лебед B е жолтобела ѕвезда од класата F од шеста величина (6,33) со сјајност 6 пати поголема од онаа на Сонцето, и маса 1,5 пати поголема од неговата. Двете ѕвезди орбитираат една околу друга на просечно растојание од 157 ае и период од 780 години.
Многу подалечниот трет придружник е портокалова ѕвезда (класа K) од дванаесетта величина, но има само една третина од масата.
Двете главни ѕвезди заедно имаат спектрална класа A0 IV. Гледајќи од Земјата, целиот троен систем на Делта Лебед сјае со збирна привидна величина од 2,87.
Поларна ѕвезда
Делта Лебед е видлива ѕвезда сместена на 3° од прецесиска патека опишана преку небесната сфера од Северниот Пол на Земјата. Ова значи дека ќе биде поларна ѕвезда во текот на неколку века, почнувајќи од 11250 г, наместо денешната Северница (која е на само 0,5° од прецесиската патека).
ПретходнаПоларна ѕвездаСледнаДенеб~11000 г.- ~11.500 г.Вега
Можна променливост За δ Лебед A и B се претпоставува дека се колебаат во сјајност. Во 1951 г. за A е забележано колебање од 2,85 до 2,89, а B во 1837 г. се колебала помеѓу 6,3 и 8,5. Нивната променливост не е потврдена.
Наводи
Надворешни врски Делта Лебед — STARS Како ги разберете небесните коориднати — Sky & Telescope Најсјајните ѕвезди — Атлас на вселената
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти Категорија:Бело-сини џинови Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Портокалови џуџиња Категорија:Троѕвезди Категорија:Флемстидови објекти 097165 7528 186882 Категорија:Тела од Бонскиот преглед