Сретсело — археолошко наоѓалиште во велешкото село Чашка. Претставува средновековна некропола. Во непосредната близина на училиштето и на старата општинска зграда, при изведувањето на градежни работи пред Втората светска војна се откриени гробови со конструкција од камени плочи, со насоченост исток-запад. Археолошкиот музеј во Скопје извршил заштитни ископувања, при што во 5 гроба се најдени гробни прилози - украсни предмети.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 88, ISBN 9789989101069
Поврзано Врчви — некропола од доцноантичкото време Капиново - Коњарник — населба од римското време; Мраморје — населба од неолитското време; Сулинар — населба од римското време; Тулана — некропола од римското време; Ќерамидница - Црна Круша — населба и некропола од римското време; Хереон — некропола од римското време; Чашка; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Чашка