мини|333x333пкс|Тераписка масажа Тераписката масажа е масажа која се користи за лекување на разни повреди и заболувања на ткива или органи. Таа е најстариот и наједноставниот начин на лекување. Во традиционалните култури, особено на Истокот, масажата се користи во секојдневниот живот на луѓето од сите возрасти.

Поделба Масажата се дели според:

видот целта

Постојат неколку видови на масажи и истите можат да се изведуваат рачно (мануелно) или со апарат:

рачна масажа рефлексо масажа Масажа шиацу лимфна дренажа вибрациона масажа подводна масажа ултразвучна масажа инфразвучна масажа масажа со комбиниран притисок

Според целта масажата се дели на:

тераписка спортска хигиенско-козметичка (релакс)

Терминологија Честопати терминот тераписка масажа се поврзува со терминот терапевтска масажа, што е погрешно, или дека тераписката масажа е посебен вид, која се изведува силно или е болна, итн. Тераписката масажа не е посебен вид на масажа, туку се изведува како класична масажа и е наменета за третман на разни болести на ткивата и органите, за да се намали болката или напнатоста во мускулите.

Делување За да се постигне вистинскиот ефект, треба да се направи една серија масажи (од 5-10 масажи). Можат да се направат секој ден или секој втор ден. Ефектот што го добиваме на крајот на серијата е подобрување на крвната циркулација, лимфната циркулација и релаксација односно опуштање на мускулите. Освен тоа, масажата има позитивен ефект врз метаболизмот, ја враќа нарушената рамнотежата на хормоните, ја подобрува оксигенација на ткивата и има благопријатен ефект врз нервниот систем.

Масажата е дел од физикалната терапија. Таа претставува симптоматски тип на лечење и се користи во тек на процесот на рехабилитација на повредени и болни лица, најчесто во комбинација со други методи на физикална терапија (електротерапија, кинезитерапија, хидротерапија, термотерапија).

Масажата има позитивен тераписки ефект. Таа опушта, а опуштеноста е благопријатна за нашето физичко, физиолошко и општо здравје. Таа им помага на сите органски системи во телото да оптимално ги извршуваат своите задачи и да останат во меѓусебна рамнотежа. Масажата е корисна како превентивна мерка, но и како помошно средство во лекувањето на многу здравствени проблеми.

Масажата е еден од начините за нега на тело и здрав начин на живот.

Наводи

Литература

Масажа-Викторија Џордан Стоун и Боб Шел Масажа пат до здравјето и уживањето - Розана Сонато Основи на масажа - Зведана Милетиќ, Синиша Зориќ

Надворешни врски

Дали е масажата луксуз или лек за нашето тело? Со масажа против „портокал кожа“ Добар проток на лимфата за добро здравје Дејство на масажата врз ендокриниот систем Дејство на масажата врз ендокриниот систем Дејство на масажата врз нервниот систем Категорија:Масажа Категорија:Алтернативна медицина