мини|Мункинки со продолжени нозе Џуџеста мачка е секоја домашна мачка која е со џуџеста состојба како резултат на генетска мутација. За разлика од недоволно пораснатите мачки кои изгледаат нормално, џуџестите мачки покажуваат симптоми на остеохондодисплазија - генетско нарушување на коските и 'рскавицата, обично се манифестираат со забележително кратки нозе.
Од средината на дваесеттиот век, расите на мачки со кратки нозе се поставени на продажба. Се расправа за етиката на нивното селективно одгледување, која многу земји ја сметаат за суровост кон животните, поради која причина и ја забрануваат нивната продажба.
Особености Вистинските џуџести мачки се хонододиспластични и имаат многу пократки и подебели нозе. Обично, половина од леглото на џуџестите мачки се не-џуџести родени со нормална должина на нозете.
Раси Манчкин е оригинална раса на џуџести мачки. Меѓународната асоцијација на Мачки го потврдила Манчкин како раса во 1994 година , заедно со Персискиот хибрид -Манчкин, Минует. На другите предложени раси како Скукум и Бамбино не им е дадено признание, иако хибридот Сфинкс - Манчкин, односно Минскин, е под студија.
Признавање и контроверзии За разлика од МАНМ, повеќето регистри на мачки и здруженија за домашни миленици не признаваат ниту една џуџеста мачка како легитимна раса. Животните се исклучени од најголемите претстави и натпревари за миленичиња. Во голема мерка американски феномен, тие не се широко прифатени надвор од Соединетите држави. Во своите правила за регистрација, Итернационална федерација забранува раси засновани врз џуџест раст, а конкретно го споменува Манчкин како пример за неприфатлива манипулација со „генетска болест“.Breeding and Registration Rules: 2.7.3 Genetic Diseases. Fédération Internationale Feline Тие се забранети според Европската конвенција за заштита на животни од домашни миленици и се остро осудени во британското списание „Светот на мачките“. Во САД, АСПЦА ги советува своите приврзаници да „останат будни“ против малиот, но широко распространет пазар.
Наводи
Категорија:Мачки