Св. Јован или Кај Смрекана — археолошко наоѓалиште во селото Белчишта во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. На највисоката падина од каменитиот рид Орешка Краста, која лежи наоколу 1,2 км источно од селото и 200 м североисточно од наоѓалиштето Св. Атанасија, се забележуваат урнатини од мала еднокорабна црква градена од камен, бигор, тули и варов малтер. Околу црквата има гробни конструкции од камени плочи, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 239, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Св. Атанасија — средновековна црква; Св. Василиј — црква од развиеното средновековие; Катуништа (Косарска Нива) — средновековна населба со црква и некропола; Белчишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Белчишта