„Враќање“ (српски: Повратак) — југословенски филм од 1966 година, во режија на Живоин Павловиќ по сценариото на Владимир Тори Јанковиќ. Главните улоги ги играат: Бата Живоиновиќ, Снежана Лукиќ, Јанез Врховец, Петар Лупа итн.РТС, Повратак (пристапено на 3.5.2020)
Синопсис Ал Капоне (го игра Живоиновиќ) е познат криминалец кој штотуку е пуштен од затвор, каде поминал шест години. Кога се враќа дома, гледа дека неговата куќа е урната, а мајка му умрела додека бил в затвор. Тој е цврсто решен да почне чесен живот, иако веднаш го дочекуваат неговите пријатели кои му предлагаат да им биде водач во криминалните активности. Истовремено, Ајкула, водачот на другата банда го повикува да му се придружи во акцијата која ја подготвува. Сепак, Ал Капоне решително ги одбива двете понуди. Тогаш, Ајкула го повикува на средба, каде неговите луѓе го напаѓаат, но Ал Капоне се одбранува и заедно со сестрата на Ајкула, Гордана (ја игра Лукиќ) успева да побегне од местото. Во меѓувреме, милицијата поставила заседа во околината и, мислејќи дека станува збор за Ајкула, го убива.РТС, Повратак (пристапено на 3.5.2020)
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Живоин Павловиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Петар Лупа Категорија:Филмови со Снежана Лукиќ Категорија:Филмови со Предраг Милинковиќ Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Славољуб Костиќ Категорија:Филмови со Зоран Филиповиќ Категорија:Филмови со Душан Цветковиќ Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови за затвореници Категорија:Филмови од 1966 година Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград