Не го поистоветувајте со античкото наоѓалиште во Велмеј, Скала
Скала — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна населба и некропола. Претставува ритче оддалечено околу 5 км јужно од селото, кое се издига јужно од патот Лешани-Брежани. На падината северно и западно од овој пат се забележуваат групи од бигорни камења кои најверојатно претставуваат гробови. По површината има фрагментирана средновековна керамика и фрагменти од железна згура. Во северозападниот дел на долината Скала, на околу 100 м западно под споменатиот пат се забележуваат остатоци од растурена гробница со насоченост исток-запад, долга 3 м, широка 2 м и со ширина на зачуваниот ѕид 60 см. На околу 30–40 м источно од гробницата површината обилува со градбена и покривна керамика. Скала денес е идентификуван и со наоѓалиштето Српница.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 243, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола; Икона - Блато — раносредновековна некропола; Калуѓерица — раносредновековна некропола; Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време и раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Црквиште — раносредновековна црква и некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Велмеј