Св. Петар — археолошко наоѓалиште во селото Лешани во областа Дебрца. Претставува раносредновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 100 м источно од селото, на северното подножје, на планината Чуки. На зарамнетиот простор од ледината се наоѓаат урнатини од мала еднокорабна црква со три страна апсида и две простории западно од апсидата. Вкупната должина изнесува 13 м а ширината 6 м. Во олтарниот простор има иконостас од камени плочи на кои се врежани натписи со старомакедонски букви. Во средината од западниот ѕид се забележува влез во црквата, а сличен влез е забележлив и во средината од ѕидот што ги дели двете простории од црквата. Ширината на ѕидовите изнесува 0.70 м. Западно и северно од остатоците на црквата се забележуваат четвртести конструкции од камени плочи што претставуваат гробови. Во 1975 година Заводот и Музеј од Охрид извршил заштитни ископувања.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 250, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Думејнчка Горица — населба од неолитското време; Св. Богородица — средновековна црква; Св. Атанасиј — средновековна црква и некропола; Сисвети — средновековна црква и некропола; Лешани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Лешани