десно|мини| Мултивитамините содржат повеќе микрохранливи материи, како што се витамини и прехранбени минерали . |267x267пкс Мултивитамин е додаток во исхраната со витамини, прехранбени минерали и други нутритивни елементи. Ваквите препарати се достапни во облик на таблети, капсули, пасти, прашоци, течности и парентерални препарати. Со исклучок на парентералните препарати, кои се достапни само под медицински надзор, мултивитамините се признаени како категорија на храна од страна на Комисијата Codex Alimentarius (Тело за стандарди за храна на Обединетите нации).Codex Guidelines for Vitamin and Mineral Food Supplements Accessed 27 December 2007

Мултивитаминските додатоци често се достапни во комбинација со прехранбени минерали. Мултивитаминските/минералните додатоци се дефинираат како додатоци со три или повеќе витамини и минерали, кои не содржат додатоци од растително потекло, хормони или лекови, во кои секој витамин и минерал е присутен во доза под толерантното горно ниво и не претставува ризик по здравјето. Термините мултивитамини и мултиминерали честопати се синоними.-{Multivitamin and multimineral dietary supplements: definitions, characterization, bioavailability, and drug interactions1 Accessed 27 Nov 2012}-

Постојат докази кои сугерираат дека кај здравите луѓе, мултивитаминските додатоци не спречуваат појава на канцерогени заболувања, срцеви заболувања или други болести. Сепак, постојат одредени групи на луѓе на кои мултивитаминските додатоци им помагаат (на пример, на луѓе со лоша исхрана или на луѓе со висок ризик од макуларна дегенерација). Според тврдењето на Харвардската школа за јавно здравје: „Гледајќи ги сите статистики, потенцијалните здравствени придобивки од користењето на стандардна дневна доза на мултивитамини ги надминуваат потенцијалните ризици за повеќето луѓе.“

Врз основа на десетгодишната двојно слепа студија од 2012 година во која учествувале околу 15.000 луѓе, заклучено е дека луѓето кои секојдневно користеле мултивитамини, имаат 8% помала веројатност да развијат карцином во споредба со луѓето кои користеле плацебо.

Наводи

Поврзано

Додаток во исхраната Прехранбен минерал Неопходна хранлива материја Мегавитаминска терапија

Надворешни врски

Податоци за додатоци во исхраната: Мултивитамински/минерални додатоци, од Националните институти за здравство на САД Мултивитамини/минерални додатоци , од Агенцијата на САД за истражување и квалитет на здравството Мултивитамини и карцином , од Американското здружение за рак Безбедни горни нивоа на витамини и минерали - Извештај на Британската агенција за стандарди во исхраната, експертска група за витамини и минерали

Категорија:Витамини Категорија:Додатоци во исхраната