Макла — археолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Претставува средновековна некропола. На околу 3 км североисточно од селото, лево од патот што води кон планината Летница, на просторот кои селаните го викаат уште како и Турски Гробишта, со земјоделските работи бил откриен гроб ѕидан од делкан бигор. Во непосредната близина биле откриени и повеќе гробови од камени плочи со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кумбаревци — средновековна црква и некропола; Манастири — средновековна црква и некропола; Рамненски Лозја — населба и некропола од римското време; Св. Атанасија — средновековна црква; Св. Варвара — средновековна црква и некропола; Св. Врачи — средновековна црква и некропола; Св. Илија — средновековна црква; Туше Варница — средновековна населба; Рамне; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи