Манастири — археолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Претставува средновековна црква и некропола. На зарамнетата површина што се издига над селото југоисточно за околу 200 метри се гледаат остатоци од основа на поголема црква, со димензии 25 × 15 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и друг градежен материјал кој укажува на можност да била подигната од урнатни од старохристијанска базилика. Источно од неа се откриени гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Од литературата е познато дека „Болоњскиот Псалтир“, кој потекнува од XIII век, бил напишан во селото Рамне.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кумбаревци — средновековна црква и некропола; Макла — средновековна некропола; Рамненски Лозја — населба и некропола од римското време; Св. Атанасија — средновековна црква; Св. Варвара — средновековна црква и некропола; Св. Врачи — средновековна црква и некропола; Св. Илија — средновековна црква; Туше Варница — средновековна населба; Рамне; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи