Дива мисла – роман на македонски јазик од битолскиот писател Владимир Костов. Делото било издадено во 2014 година од издавачката куќа Матица македонска.„Дива мисла“ - нов роман од Владимир Костов на семрежната страница на Нетпрес.

Носечка улога во романот има семејството Кожуварови. Низ широкиот спектар на настани, на човечки идеали и заблуди како на филмско платно ја публикува сликата за живеачката во еден затворен круг, во кој главна цел е потрагата по материјалното богатство. Неговите херои се илузионисти, заблуденици и несреќници, егоисти и самотници, кои не ја споделуваат радоста и среќата со средината во која живеат. Дури и во поглед на семејството, тие се ограничуваат во неговото проширување, со цел наследството да не се сподели со други луѓе.

Поврзано Владимир Костов Македонска книжевност Матица македонска

Наводи

Категорија:Владимир Костов Категорија:Дела на Владимир Костов Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Изданија на Матица македонска Категорија:Македонски дела од 2014 година Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија Категорија:Книги од 2014 година