Ацо Андонов (14 декември 1951 — ноември 2009) — македонски пејач на македонска народна музика.

Животопис Ацо Андонов е роден во главниот град на НР Македонија, Скопје. Основно и средно училиште завршува во Скопје. Тој со музика започнува да се занимава на млада возраст од својата 15 година, на аудиција во МРТ. Негов ментор бил Мате Груевски, којшто го научил да свири на кларинет. Има настапувано во дијаспората, низ СФР Југославија, има светски турнеи во Франција, Белгија, Шведска, Германија, Австралија, Италија и др. Земал учество на многу домашни фестивали како што се: фестивалот на македонски патриотски песни, Гоце Фест, Фолк Фест Валандово. Учествувал и на многу хуманитарни настапи. Има снимано песни за МРТ, Југотон, Кроација Рекордс. Има настапувано и со оркестарот „Весела Дружина“ на Смолски како инструменталист и кларинетист.

Творештво Ајде камен Јано Збогум најмила Во една пролет Три години тајно љубев Како што е таа чаша

Музички компилации Гоце фест -1998 (3) Гоце фест -1995 (2) Гоце фест - 1994 (1) Фолк фест Валандово - 1992 (3) Фолк фест Валандово - 1987 (2) Фолк фест Валандово - 1986 (1)

Наводи

Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Луѓе од Скопје