Црква Св. Архангел — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кокре. Претставува некропола од средниот век.

Местоположба

Во непосредната близина на селото, на околу 100 метри источно од последните селски куќи се наоѓа денешната црква, подигната во 1866 година.

Опис

Покрај источната ограда на гробиштата, на површина од 100 метри квадратни се пронајдени гробни конструкции од вертикално поставени камени плочи од постара некропола. Гробовите прават редови со насоченост запад-исток.

Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Грамаѓе — населба од доцноантичкото време; Корита — средновековна некропола; Спасица — светилиште од римското време; Коњарник — утврдена населба од доцноантичко време; Кокре; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Кокре