Колбе-Шмитова реакција или Колбеев процес (именувана според Херман Колбе и Рудолф Шмит) е карбоксилациона хемиска реакција која настанува при затоплување на натриум феноксид (натриумова сол на фенол) со јаглерод диоксид во услови на висок притисок (100 atm, 125 oC), а потоа производот се обработува со сулфурна киселина. Конечниот производ е ароматична хидроксилна киселина, позната како салицилна киселина (од која се прави аспирин). центар|500x500пкс|The Kolbe–Schmitt reaction Доколку се користи калиум хидроксид, се добива 4-хидроксибензојна киселина—битен реагенс во производството на широката класа парабени позната под името биоциди, т.е. средства за лична хигиена.
Истата методологија се користи при индустриска синтеза на 3-хидрокси-2-нафтолна киселина. Региохемија на оваа реакција е осетлива на температурни разлики.
Наводи
Категорија:Хемиски реакции Категорија:Хемиски процеси Категорија:Производствени процеси Категорија:Именувани реакции Категорија:Реакции што создаваат јаглеродно-јаглеродни врски