„Грива тресе, бисер рони“ — збирка со македонска народна епска поезија, во избор и редакција на Томе Саздов, кој е автор и на предговорот. Книгата е објавена од страна на новинско-издавачката установа „Заштита“ од Скопје, во 1970 година, а била испечатена во печатницата „Наша книга“ во тираж од 6 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970.

Содржина Збирката содржи 66 песни, поделени во шест циклуси: Митолошко-религиозни песни Свети Петар и неговата мајка Стана самовила Историски песни Војник Огнен Девет браќа јунаци Турчин низ гора врвеше Бела Јана се дави од Турци Мома војник го одменува татка си Неда и три синџири робје Ајрадин-паша во село Галешник Јуначки песни Косово поле Момчула војвода Кралевиќ Марко и три наречници Марко Кралевиќ ја губи силата Марко Крале и црна Арапина Крале Марко и мајстор Ѓуро Марко и Мурат-бег Болен Дојчин Марко Крале го укинува свадбениот данок Огнен и латински крал Ајдутски песни Јане Плетикоса Сирма војвода Чавдар војвода и Лалуш Иљо војвода Ранет јунак Страил страшен војвода Стојане, сину море, Стојане Џемаил ага и Иванчо војвода Тодор и земски сејмени Кузман Кареман Стојан и сестра му Проја Арамија куќа нема Датунџо војвода Револуционерно-комитски песни Ранет јунак и црна орлица Песна за Гоце Делчев Ранет Делчев војвода Заплакало е Мариово Славни комити, сè Македонци Млад загинал за слобода Мануш војвода Станиш војвода Песна за Питу Гулев Петре Михов и дервиш Полиц Џемо и Мицко комита Што ми е мило ем драго Стојан комита Низ Петлец идат трима војводи Малина мома и Гоце Делчев Спиро Црне и Ќучук Сулејман Болен ми лежи Миле Поп-Орданов Битката при Мечкин Камен Дека ќе одеш, Апостоле? Селим ага и Ѓорѓија Лажот Црна се чума зададе Кољо Капидан Партизански песни Листај се, горо, шумај се Силна ми војска идеше Таму горе во планина Гледај ме, мило либе Ајде ќе те прашам Абер дојде од Тетово Таму ле, мајко, близу Битола Што ми е мило ем драго А бре Македонче Затвореничка песна Сите се писае, мамо Темен се облак зададе

Наводи

Категорија:Дела на Томе Саздов Категорија:Книги од 1970 година Категорија:Македонски епски песни