Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Отовица. Претставува градиште од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од Башино Село, од левата страна на патот Велес-Езеро Младост, на висок рид со зарамнето плато има видливи остатоци од високи ѕидови од утврдувањето. Во внатрешноста се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, архитектонска пластика и градежен материјал. Најдени се и монети од V-VI век. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Бела Вода — населба од римското време; Теќе — населба од бронзеното и доцноантичкото време; Отовица; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
Наводи