Пелистерска битка – последна битка од Илинденското востание која се одиграла на 22 септември 1903 година, во која загинале 48 од 92-те востаници, на Баба Планина над селото Цапари во месноста денес позната како Палиснопје.Илинденската епопеја на Палиснопје Пелистерски патокази, низ текст и фотографии на семрежното место на bitolanews

Борба Војводата Ацко Трајков од село Базерник, Демирхисарско, заедно со војводата Лефко Магаревчето од потпелистерското село Магарево, со уште стотина комити од Демирхисарско и Битолско, по неуспешното Илинденско востание требало да го му го предадат оружјето на ѓаконот Евстатиј кој бил задолжен за прибирање, складирање и обезбедување. Меѓутоа биле предадени и опколени од турски аскер. Со цел да избегнат запалување на селото Цапари, како што претходно се случило во селата Ѓавато и Смилево, војводата Ацко Трајков наредил повлекување кон Пелистер и така опколени, со големи загуби успеале да го пробијат обрачот кон високите делови од Пелистер.

Споменик Во спомен на оваа битка, во непосредна близина на Ротинска Река, на патот кон врвот Пелистер во 1968 година подигнато е скромно спомен-обележје.

Наводи

Категорија:Илинденско востание