Александар Ѓорчев (роден на година во – починал во година во ) — македонски глумец и режисер.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1961) и на Театарската академија во Белград (1969). Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава во 1954 година, како член на радио-драмата на Радио Скопје. По кратко време поминато во родниот град работејќи со неготинските аматери, кариерата ја продолжил во Народниот театар во Куманово, каде што покрај глума се занимавал и со режија. Настапувал и на сцената на Македонскиот народен театар, потоа бил потоа директор на Домот на културата во Неготино (1954-1962); член на Народниот театар во Куманово (1962-1969); член на Драмскиот театар во Скопје (1969-1993).

Неколкупати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на неколку други високи признанија, „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на малите и експериментални сцени, Републичката награда „11 Октомври“ и Наградата на град Скопје „13 Ноември“.

Улоги: Змеј („Јане Задрогаз”); Димитрија („Диво месо”); Борис („Хај-фај”); Кољо („Тетовирани души”); Скапен („Ѓаволштините на Скапен”).

Филмографија |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1960-те ▲ |- | 1969 || Итрата видовица ТВ-филм || / |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1970-ти ▲ |- | 1970 || Александра ТВ-филм || / |- | 1971 || Жед ТВ-филм || / |- | 1971 || Мува ТВ-филм || / |- | 1973 || Недела ТВ-серија|| Сотир |- | 1973 || ТВ ребус ТВ-филм || |- | 1974 || Брачна понуда ТВ-филм || / |- | 1977 || Големата соба ТВ-филм || |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1980-ти ▲ |- | 1980 || Учителот ТВ-филм || / |- | 1983 || Премиера ТВ-филм || / |- | 1984 || Лет во место ТВ-филм || Кајмакамот |- | 1984 || Јуначко колено ТВ-серија || Ѓушбашијата |- | 1984 || Диво месо ТВ-филм || Димитрија |- | 1984 || Исчекување ТВ-филм || |- | 1985 || Слободан пад ТВ-филм|| |- | 1985 || Тетовирани души ТВ-филм || |- | 1985 || Случки од животот ТВ-серија || Доктор |- | 1985 || Таткото на службен пат ТВ-филм || ДР. Лјахаоф |- | 1985 || Дупло дно ТВ-филм || |- | 1986 || Среќна нова '49 ТВ-филм || Стојан |- | 1987 || За трошка среќа ТВ-филм || / |- | 1987 || Хај-фај ТВ-филм || |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1990-те ▲ |- |1987-1990 || Трст виа Скопје ТВ-серија || |- | 1991 || Тетовирање ТВ-филм ||

Наводи

Надворешни врски Ѓорчев Александар-Ацо на Македонски информациски филмски центар

Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Југословенски глумци Категорија:Југословенски режисери Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје