Анѓелко Ѓорчев ( - ) — македонски лекар, интернист-пулмоалерголог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што го раководел Центарот за астма. Бил татко на пратеникот Влатко Ѓорчев.
Тој бил роден во Трстеник, Светиниколско. Медицинскиот факултет го завршил во 1972 година во Скопје. Истражувал во подрачјето на бронхијалната астма. Соопштил и отпечатил над 300 извадоци и трудови во земјата и во странство. Член е на повеќе медицински здруженија и стручни академии.
Ѓорчев починал на Клиниката во Ниш, на 4 април 2021 година, откако десет дена претходно примил вакцина против КОВИД-19 во истиот град, и од неа му се слошило.
Трудови Ѓорчев објавил три книги:: „Астхма бронцхиале – енигма и предизвик“, Скопје, 1991;
„Македонски национален план и програма за дијагноза и терапија на бронхијалната астма – реалност или визија“, Скопје, 1996;
„Македонски национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хронична опструктивна белодробна болест“, Кочани, 1999
Наводи
Категорија:Луѓе од Трстеник (Светиниколско) Категорија:Починати во Ниш Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски пулмолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски лекари Категорија:Југословенски пулмолози Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје