Ганчо Пајтонџиев (, – , ) – вежбач во спортска гимнастика, наставник по физичко воспитување и етнокореолог. Член и инструктор на соколски организации (1920–1941). По Втората светска војна, тој членувал во бројни фискултурни сојузи и здруженија, како стручно лице и автор на академски состави и слетски вежби. Како соработник на Институтот за фолклор, снимил преку 7.500 народни творби (10 јануари 1952 – 27 декември 1967), а значајни делови од нив се објавени во трите книги „Македонски народни ора“, во соавторство со Живко Фирфов и самостојно.
Творештво Македонски народни ора со кореографски знаци и терминологија, Кореографското писмо го составиле и оваа збирка ја уредиле Живко Фирфов и Ганчо Пајтонџиев, Скопје, книгоиздателство „Кочо Рацин“, 1953; Македонски народни ора од Малешевско, Делчевско, Кочанско, Светиниколско, Штипско, Радовишко, Струмичко и Валандовско, книга
Наводи
Категорија:Македонски гимнастичари Категорија:Македонски етномузиколози Категорија:Спортисти од Велес