Чукарче — старохристијанска црква кај кратовското село Вакуф. Кај утоката на реката Повишница во Крива Река се издига ниска чука која зафаќа простор од 50 × 50 м, оградена со ѕид од сувоѕидица. Во средишниот дел на просторот се гледаат темели од црква, а се среќаваат и фрагменти од покривни ќерамиди. Во близината на црквата биле откопани неколку гроба од камени плочи.
Поврзано Вакуф; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско;
Наводи
Категорија:Вакуф