Шафариков триод – кирилски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅠⅠ век, од македонска редакција. Се чува во Руската национална библиотека во Санкт Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.74. Содржи посен и цветен дел. Има 157 пергаментни листа. Според јазичните особености, потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот е многу архаичен, во него се наоѓаат цели редови испишани со глаголица. По структурата претставува полн триод, без поделба на посен и цветен циклус.

Наводи

Категорија:Средновековна македонска книжевност